Достапни линкови

Ќе се формира нова државна институција за безбедност во сообраќајот


Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, на денешната меѓународна конференција на тема „Безбедност на патиштата“ најави формирање на нова државна институција за зголемување на безбедноста во сообраќајот.

Според него, тоа е резултат на податоците дека во земјите од ЕУ има во просек 5,2 жртви во сообраќај на 100.000 жители, и дека веќе е формирана работна група која до крајот на годинава ќе даде конкретен предлог за формирање на Агенција за управување со безбедноста на сообраќајот.

„Безбедноста е комплексен проблем каде што се бара мултисекторски пристап. Во така насока се јави потребата да се формира една водечка институција односно Извршно тело кое ќе има крајна одговорност и задача за подобрување на безбедноста и намалување на бројот на жртви на патиштата во Македонија“, рече Сугарески.

XS
SM
MD
LG