Достапни линкови

Над 25 загинати по ерупцијата на вулканот Фуего во Гватемала


Билансот на жртви од вчерашната ерупција на вулканот Фуего во Гватемала се искачи на 25, објавија западните новински агенции. Во најголемата ерупција на вулкан во последната деценија во Гватемала повредени се стотици луѓе и причинета е голема материјална штета.

Вулканот Фуего, кој се наоѓа на околу 40 километри од Гватемала Сити, го покри со камења, чад и со лава селото Ел Родео во кое загинале и најголемиот дел од жртвите. Според сведоштвата на преживеаните, дел загинале заробени во своите куќи, а дел бегајќи од селото.

XS
SM
MD
LG