Достапни линкови

СДС на Јанша победи на изборите во Словенија


Опозициската конзервативна Словенечка демократска партија (СДС) на поранешниот премиер Јанез Јанша победи на вчерашните предвремени парламентарни избори во Словенија.

Како што соопшти словенечката Државна изборна комисија, според резултатите по 99,7 проценти преброени гласачки ливчиња, СДС освоила 25 отсто од гласовите, пред левоцентристичката партија Листа на Марјан Шарец (ЛМШ), за која гласале 12,7 проценти од избирачите.

На третото место е партијата Социјални демократи (СД) со 10 отсто освени гласови, а по неа следува Партијата на модерниот центар (СМЦ) на актуелниот словенечки премиер Миро Церар со 9,7 проценти од гласовите.

Одѕивот на вчерашното гласање бил 51,9 отсто, што е за 0.2 процентни поени помалку во однос на претходните парламентарни избори.

XS
SM
MD
LG