Достапни линкови

Бројот на илегални мигранти во Албанија зголемен за разлика од лани


Еди Рама, премиер на Албанија

Од почетокот на годинава забележан е раст на илегални имигранти кои од северниот дел на Грција влегуваат во Албанија, со цел да го продолжат патот кон западно европските земји.

Според албанскиот премиер Еди Рама, во периодот јануари-мај 2018 година откриени се околу 2.000 илегални имигранти, што е за 14 пати повеќе споредено со истиот период лани.

Овие бројки не се загриживачки за цела Европа, но може да бидат. Значи, ние не треба да ја направиме истата грешка од 2015 година. Треба да бидеме проактивни, за што зборував и со австрискиот канцелар Себастијан Курц, за да се унапреди соработката со цел да не се повтори грешката од 2015 година, изјави Рама за австриската телевизија АРД.

XS
SM
MD
LG