Достапни линкови

Времето топло со локални дождови


.

Претпладне времето ќе биде сончево и топло, а од пладне ќе се зголемува облачноста и ќе има локален пороен дожд и услови за појава на грмежи особено на северот на земјата. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. УВ-индексот ќе изнесува 8.

Минималната температура ќе се движи од 10 до 16, а максималната 26 до 33 степени.

Во Скопско ,исто така, претпладне ќе биде сончево и топло, а од пладне со зголемена облачност и со појава на локален пороен дожд и услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Температурата ќе се движи во интервал од 14 до 30 степени.

XS
SM
MD
LG