Достапни линкови

САД ги поддржуваат лидерите на Македонија и Грција


САД и натаму ги поддржуваат актуелните преговори под водство на Обединетите нации за проблемот околу името на Македонија, соопштија од Стејт департментот за Гласот на Америка на македонски јазик, нагласувајќи ја поддршката за решение на овој долгогодишен спор.

Се надеваме дека лидерите на Македонија и Грција ќе најдат заеднички прифатливо решение за проблемот со името, што ќе биде во интерес на евроатлантската интеграција, економскиот просперитет, мирот и стабилноста во регионот, соопшти Стејт департментот.

XS
SM
MD
LG