Достапни линкови

Главна расправа за предметот „Титаник“


Архивска фотографија- лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на распит во Основен Суд 1

Во Кривичниот суд Скопје, денеска со главна расправа ќе продолжи рочиштето за предметот „Титаник“ во кој обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски и поранешните функционери Мартин Протуѓер, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, како и Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко,...

Тие се осомничени од СЈО за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања во 2012 година.

На претходното рочиште воведни говори дадоа останатите адвокати на одбраната и дел од обвинетите кои се повикаа на помилувањето на претседателот Ѓорге Иванов, за што рекоа дека и Врховниот суд на Грција потврдил дека амнестијата е во правна сила, па затоа одлучил да не ги екстрадира Горан Грујевски и Никола Бошкоски.

XS
SM
MD
LG