Достапни линкови

Времето денеска сончево и топло


Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во западните и јужните делови ќе има појава на краткотраен локален дожд и грмежи. Утринската температура се движи од девет до 16, а дневната ќе биде од 27 до 32 степена.

Во Скопје сончево и топло, попладне со умерена облачност. Утринската температура се спушти до 14, а дневната ќе се искачи до 31 степен.

XS
SM
MD
LG