Достапни линкови

Кремљ: военото присуство на САД во Полска ја поткопува стабилноста во Европа


Портпаролот на Кремљ Дмитри Песков

Официјална Москва изрази загриженост околу извештаите дека Полска побарала постојано американско воено присуство на нејзина територија, наведувајќи дека експанзијата на НАТО силите кон границите на Русија ја поткопува стабилноста на Европа. Портпаролот на Кремљ Дмитри Песков изјави дека е суверено право на секоја држава да донесува такви одлуки, но, како што рече, тоа ја принудува Москва на контрапотег што пак дополнително ќе ги наруши односите меѓу Русија и Западот.

XS
SM
MD
LG