Достапни линкови

Во Киев убиен руски новинар, остар критичар на Кремљ


Рускиот новинар Аркади Бабченко

Рускиот новинар Аркади Бабченко е убиен во Киев на влезот од неговиот стан, соопшти украинската полиција, наведувајќи дека тој очигледно бил цел поради неговата професија. 41 годишниот Бабченко бил нападнат од грб со огнено оружје, по што починал на пат до болница. Тој бил припадник на руската војска во текот на првата војна за незвисност на Чеченија, по што почна да се занимава со новинарство. Работел како воен репортер за неколку руски медиуми. Бабченко беше остар критичар на Кремљ, особено по прашањето за руската анексија на Крим и поддршката на Москва за проруските бунтовници во источна Украина. Тој лани ја напушти Русија, страхувајќи за својата судбина. Москва негира каква и да е вмeшaност во неговото убиство и најави сопствена истрага.

XS
SM
MD
LG