Достапни линкови

Генерален штрајк во Грција


архивска снимка, протест на грчките синдикати во Атина

Најголемите грчки синдикати на вработените во јавниот и приватниот сектор за денеска закажаа генерален 24 часовен штрајк, што ќе ја парализира цела Грција. Проблеми ќе има во авионскиот, железничкиот и бродскиот превоз, а земјата ќе биде без вести и информативни емисии поради учеството на новинарите во штрајкот. Проблеми ќе има и во јавниот превоз во Атина, а и новинарите 24 часа ќе прекинат со работа и земјата ќе биде без вести и информативни емисии. За напладне е закажан и протест во центарот на Атина, организиран од синдикатите на вработените во јавниот и приватниот сектор, додека пак одделен и посебен собир, како и секогаш, закажа синдикатот на комунистичката партија на Грција. Синдикатите ги повикуваат граѓаните да ги „обединат силите против мерките на штедење, невработеноста и прекумерните даноци“.

XS
SM
MD
LG