Достапни линкови

Европратеници сакаат поголема контрола врз кинеските инвестиции


Европскиот парламент

Пратениците во Комисијата на Европскиот парламент за меѓународна трговија одобрија текст со кој се предвидува воспоставување европска „рамка“ за контрола на странските вложувања во ЕУ, главно кинеските. Ако овој текст биде одобрен на самитот во јуни тогаш би почнал процес за усвојување на ваквата мерка. Франција, Германија и Италија се загрижени од тоа што странски фирми, особено кинески, со евтини вложувања нелојално купуваат стручно знаење и клучна технологија од нивни компании.

XS
SM
MD
LG