Достапни линкови

Македонија на 41 место на листата со најдобро рангирани пасоши


На најновата листа на најдобро рангирани пасоши на американската компанија „Хенли енд Партнерс“ Македонија се наоѓа на 41 место, бидејќи Македонците можат да патуваат во 125 држави без виза. На прво место од листата на која се наоѓаат 100 држави е Јапонија, бидејќи нејзините граѓани можат да патуваат без виза во 189 од 218 држави, додека најлошо рангирани се пасошите на Ирак и на Авганистан. На Ирачаните и на Авганистанците не им е потребна виза само за 30 држави. На второ место се пасошите на Германија и на Сингапур, чии граѓани без виза можат да патуваат во 188 држави. Од регионот најдобро котираат пасошите на Хрватска и на Романија, кои се наоѓаат на 16 место. На Хрватите и на Романците не им е потребна виза за 187 држави.

XS
SM
MD
LG