Достапни линкови

Продолжуваат разговорите за името во Њујорк


министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, со личниот пратеник на генералниот секретар на Обединетите нации Метју Нимиц

Денеска претпладне по њујоршко време или во 15.30 часот по македонско време, продолжува средбата на министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, со личниот пратеник на генералниот секретар на Обединетите нации Метју Нимиц, сопштија од македонското МНР. По завршувањето на денешната рунда се очекува некој или сите учесници во процесот да дадат изјави за тоа дали е направен некаков исчекор во преговорите. Вчершната рунда траеше шест часови. Во пресрет на новата рунда разговори во Њујорк, Димитров и Коѕијас одржаа посебни средби со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш на кои се разговарало за последните случувања од разговорите за надминување на разликата околу името што се одвиваат под покровителство на Светската организација.

XS
SM
MD
LG