Достапни линкови

Германија и Кина не отстапуваат од иранскиот нуклеарен договор


Германија и Кина се залагаат за опстојување на Договорот за иранската нукеларна програма и покрај одлуката на САД за повлекување од него, изјави денеска во Пекинг германската канцеларка Ангела Меркел на заедничка прес-конференција со кинескиот премиер Ли Кечјанг.

По средбата со Меркел, која престојува во дводневна посета на Кина, Ли посочи дека иранскиот проблем е решен врз основа на мултелатералната спогодба и неговото успешно надминување ќе зависи од целосно и стрикно почитување на обврските од договорот. Ли нагласи и дека Кина од секогаш ги поддржувала единството и просперитетот на Европа, додавајќи дека Пекинг и Берлин се залагата за почитување на принципите на слободната трговија.

XS
SM
MD
LG