Достапни линкови

Србин осуден за корупција номиниран за судија на Уставниот суд на Косово


Уставниот суд на Косово

Опозициски политичари и невладини организации го критикуваа парламентот на Косово за номинирање лице осудено за корупција во Србија за судија на Уставниот суд на Косово. Станува збор за Радомир Лабан кој е номиниран за претставник на српската заедница на Косово. Косовскиот претседател Хашим Тачи има две недели да ја потврди или да ја отфрли номинацијата на Лабан. Тој во 2011 година, меѓу другото, беше осуден во Србија на шест години затвор за корупција како вработен во Царинската служба.

XS
SM
MD
LG