Достапни линкови

Макрон во дводневна посета на Русија


Францускиот претседател Емануел Макрон и рускиот пртетседател Владимир Путин, Версај, 29.05.2017.

Францускиот претседател Емануел Макрон од денеска престојува во дводневна официјална посета на Русија во надеж дека со рускиот пртетседател Владимир Путин ќе изнајде „точки на согласување“ за чувствителните прашања, како што се иранската нуклеарна спогодба и сириската криза, пренесе новинската агенција Франс прес. Макрон и Путин ќе се состанат во дворецот кај Санкт Петербург, некогашна летна резиденција на царот Петар Велики. Макрон, како што неодамна наведе, сака приближување на Европа и Русија по повеќегодишните тензии откако Русија го анектира Крим од Украина.

XS
SM
MD
LG