Достапни линкови

Бундесбанк: Не олеснување на долгот, туку надзор над Грција


Германската централна банка, Бундесбанк, смета дека не се потребни мерки за олеснување на грчкиот долг туку надзор на Грција за преодниот период по излегување на земјата од програмата за финансиска помош, чиј рок истекува во август.

Во месечната анализа за Грција, Бундесбанк забележува дека Атина ги надминала поставените цели за примарен буџетски суфицит и дека тоа е причина да се смета оти на земјата не и се потребни дополнителни мерки за олеснување на нејзиниот долг.

Германската банка, сепак, предупредува на опасноста реакциите на пазарот да ја блокираат динамиката на грчките реформи.

XS
SM
MD
LG