Достапни линкови

И Франција е против излегувањето на САД од нуклеарниот договор со Иран


Францускиот министер за надворешни работи Дријан и шефицата на европската дипломатија Могерини

Шефот на француската дипломатија Жан-Ив ле Дријан изјави денеска дека не се согласува со одлуката на САД да излезат од нуклеарниот договор со Иран и предупреди дека нивниот метод за воведување дополнителни санкции ќе ја зајакне конзеративната струја во таа земја.

„Не се согласуваме со методот, затоа што оваа група санкции кои ќе се воведат на Иран, нема да овозможат дијалог, туку напротив ќе ги зајакне конзервативците и ќе го ослабнат претседателот Хасан Рохани“, рече Ле Дријан.

Тој оцени дека со таквиот став се ризикува да се загрози регионот уште повеќе.

XS
SM
MD
LG