Достапни линкови

Рохани е за крај на забраната за жени на спортските настани


Иранскиот претседател Хасан Рохани

Иранскиот претседател Хасан Рохани повика на укинување на неколку децениската забрана жени да присуствуваат на спортски настани. „Не треба да има разлики меѓу мажите и жените во Исламот и поради тоа на жените би требало да им биде дозволено да присуствуваат на спортски настани“, изјави Рохани на средбата со ирански спортисти во неговиот кабиент. На жените во Иран 39 години им е забрането да влегуваат на стадиони и спортски сали, политика која ја воведоа шиитските верски лидери по Исламската револуција.

XS
SM
MD
LG