Достапни линкови

Помпео: САД и натаму работат за самитот со Северна Кореја


Американскиот државен секретар Мајк Помпео

Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави дека САД и натаму работат на тоа историскиот самит со Северна Кореја да биде одржан на 12 јуни годинава. Тој ова го кажа неколку часа откако американскиот претседател Доналд Трамп, кој вчера во Вашингтон се состана со јужнокорејскиот претседател Мун Џае Ин, ја најави можноста за одлагање на средбата со лидерот на Северна Кореја Ким Џонг Ун. Помпео рече дека Стејт департментот и Белата куќа и натаму се подготвуваат за самитот со истите цели: денуклеаризација на Северна Кореја и создавање услови таа земја веќе да не претставува закана за целиот свет. Помпео два пати се состана со Ким Џонг Ун.

XS
SM
MD
LG