Достапни линкови

Џафери во официјална посета на Србија


Претседателот на Собранието на Македонија Талат Џафери

Претседателот на Собранието на Македонија Талат Џафери денеска и утре ќе престојува во официјална посета на Република Србија. Тој ќе се сретне со претседателот на Собранието на Србија Маја Гојковиќ, со премиерката Ана Брнабиќ и со членови на Групата за парламентарна соработка. Како што соопшти собраниската прес-служба, Џафери ќе биде придружуван од членовите на Пратеничката група за соработка со Собранието на Република Србија Иван Стоиљковиќ, кој е претседател на групата, и од пратениците Илија Николовски и Мирсада Емини Асани.

XS
SM
MD
LG