Достапни линкови

Коѕијас: ние сме за некој предлог на Нимиц


Министрите за надворешни работи, на Грција и на Македонија Никос Коѕијас и Никола Димитров, Солун, 04.05.2018.

Грција ја поддржува потребата да се прифати име од предлозите на Нимиц, изјави шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас по средбата во Вашингтон со американскиот државен секретар Мајк Помпео. „Ние ја поддржуваме потребата да прифатиме едно од имињата што ги предложи Нимиц. Не се согласуваме, како што знаете, со петтото име од неговите предлози, и да одиме напред кон усвојување на еден стратешки план за пријателска соработка со оваа земја во иднина, со нејзиното ново име“, рече Коѕијас. Тој додаде дека за прашањето со името не разговарал со американскиот државен секретар Помпео, туку тоа било тема на средбите, вчера и завчера, со помошникот државен секретар на САД, Вес Мичел.

XS
SM
MD
LG