Достапни линкови

Во Вашингтон разговори меѓу Помпео и Коѕијас


Министерот за надворешни работи на Грција Никос Коѕијас

Американскиот државен секретар Мајк Помпео вчера во Вашингтон се сретна со грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас. Тие разговарале, како што соопшти Стејт департментот, за одличната состојба на билатералните односи и се согласиле да воспостават стратешки дијалог меѓу САД и Грција за клучните области на соработка. Помпео ја пофалил Грција за нејзината лидерска улога во регионот, вклучително и напорите за решавање на предизвиците на Балканот и Источниот Медитеран. Тој, исто така, понудил континуирана поддршка за економското закрепнување на Грција. Двајцата соговорници се согласиле да останат во тесна комуникација за овие и други билатерални, регионални и глобални прашања од заеднички интерес и тесно да соработуваат во наредните денови за да обезбедат стабилност на Источниот Медитеран.

XS
SM
MD
LG