Достапни линкови

Иран не ги прифаќа условите од САД


Иранскиот претседател Хасан Рохани

Иранскиот претседател Хасан Рохани изјави дека Техеран не прифаќа Соединетите држави да носат одлуки за него. Тој ова го изјави откако американскиот државен секретар Мајк Помпео постави услови до Иран и објави построги санкации врз таа земја. „Светот денес не прифаќа САД да решаваат за него. Земјите имаат своја независност“, рече Рохани, прашувајќи: „Кои сте вие да решавате за Иран и за светот?“. Помпео претходно објави дека Вашингтон ќе воведе најстроги санкции во историјата и оти тие ќе стануваат се потешки се додека иранскиот режим не го „смени курсот“. Пред две недели американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Вшингтон се повлекува од нуклеарната спогодба со Иран.

XS
SM
MD
LG