Достапни линкови

Путин и Асад во Сочи за решавање на ситуацијата во Сирија


Претседателите на Русија и на Сирија Владимир Путин и Башар ал Асад

Претседателите на Русија и на Сирија Владимир Путин и Башар ал Асад разговараа во рускиот град Сочи при што укажале на важноста од создавање натамошни услови за продолжување на процесот на политичко решение за Сирија. Путин, како што соопшти неговиот портпарол Дмитри Песков, ги истакнал големите успеси на силите на сириската влада во борбата против терористите и оти сега било неопходно да се работи на обнова на сириската економија. Русија е клучен сојузник на Асад во седумгодишната граѓанска војна во Сирија. Москва во 2015 година започна воздушни удари во Сирија.

XS
SM
MD
LG