Достапни линкови

Комитет на Сенатот: Русија се мешала во изборите во САД


Претседателот на Комитетот на американскиот Сенат за разузнавачки работи Ричард Бер

Комитетот на американскиот Сенат за разузнавачки работи соопшти дека се согласува со минатогодишната оценка на разузнавачките агенции дека Русија се мешала во претседателските избори во САД за да и нанесе штета на кандидатката на демократите Хилари Клинтон и да му помогне на сегашниот претседател Доналд Трамп. Претседателот на Комитетот Ричард Бер изјави дека по 14 месечна проценка на изворите и анализи, членовите на Комитетот не гледаат причина да не ги прифатат заклучоците на разузнавачките служби. Ова е во спротивност со ставот на Комитетот на Претставничкиот дом за разузнавачки прашања чии членови се согласија со голем дел од извештајот, но наведоа дека не била применета адекватна аналаиза при проценките на намерите на рускиот претседател Владимир Путин.

XS
SM
MD
LG