Достапни линкови

Тереза Меј во посета на Македонија


британската премиерка Тереза Меј

„Оваа година кога одбележуваме 25-години од дипломатските односи меѓу Македонија и Велика Британија, врските меѓу нашите земји се посилни од кога и да е“.

Ова се наведува во соопштението на кабинетот на британската премиерка Тереза Меј која по учеството на самитот ЕУ, Западен Балкан во Софија ќе допатува во посета на Македонија.

Во соопштението се додава дека Тереза Меј ќе биде првиот британски премиер кој стапнал на Западен Балкан уште од посетата на Тони Блер во 1999 година.

Од нејзиниот кабинет најавија дека таа ќе има средби со премиерот Зоран Заев, како и со ЛГБТ активисти на Меѓународниот ден против хомофобија, трансфобија и бифобија. Меј ќе ја заврши посетата со говор на прием во Собранието.

Владата на Република Македонија пак соопштувајќи за посетата на британската премиерка изутринава најави билатерален состанок на македонската и британската владина делегација, по што премиерите Зоран Заев и Тереза Меј ќе одржат заедничка прес конференција.

XS
SM
MD
LG