Достапни линкови

Ципрас: Последните метри се секогаш најтешки


„Направен е напредок, но има уште пат да се изоди“, напиша грчкиот премиер Алексис Ципрас на Твитер во однос на преговорите за името, објавувајќи фотографии од подготвителниот Самит на партијата на европските социјалисти во Софија, во рамките на Самитот ЕУ-Западен Балкан, на кој присуствуваше и македонскиот премиер, Зоран Заев. „На Самитот на Партијата на европските социјалисти, лидерите ги поздравија досегашните наши напори за да најдеме заемно прифатливо решение за името. Истакнаа дека само прогресивни лидери би можеле да го постигнат тоа. Им се заблагодарив, признав дека се направени многу чекори на напредок, но има уште пат да се изоди. Последните метри се секогаш најтешки, напиша Ципрас на официјалниот Твитер профил.

XS
SM
MD
LG