Достапни линкови

„Поврзување“, тема на самитот ЕУ, Западен Балкан


претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, Софија, 16.05.2018.

Денешниот самит во Софија меѓу шефовите на држави или влади на земјите-членки на Европската унија и нивните колеги од регионот на Западен Балкан се одржува под темата „Поврзаност“. Станува збор за разгледување на можностите за подобрување на врските во областа на транспоротот, енергијата, дигиталната инфраструктура, образованието. На самитот ќе претседава претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, кој ќе ја претставува ЕУ заедно со претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер. Исто така, на самитот ќе присуствуваат и претседателот на Европскиот парламент Антонио Тајани, високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Федерика Могерини и комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување, Јоханес Хан.

XS
SM
MD
LG