Достапни линкови

Заев и Ципрас утре претпладне на средба во Софија


ремиерите на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас во Давос, Швајцарија

Македонскиот премиер Зоран Заев и неговиот грчки колега Алексис Ципрас, утре претпладне во Софија ќе ја имаат својата втора тет-а-тет средба, јавува МИА. Новата средба меѓу двајцата премиери ќе се одржи на маргините на самитот ЕУ-Западен Балкан на кој ќе се расправа за европската перспективата на земјите од регионот.

Заев претходно изјави дека следната средба со Ципрас не е средба за конечно решение на спорот за името. Тој посочи дека целта на состанокот ќе биде да се рекапитулира она што досега било дискутирано меѓу двете земји и во исто време да дадат насоки за следните чекори.

XS
SM
MD
LG