Достапни линкови

Неформална вечера на лидерите на ЕУ во Софија


Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск вечер во Софија организира неформална вечера за лидерите на Европската унија пред утрешниот самит. На вечерата, како што е најавено, лидерите ќе се фокусираат врз дигитализацијата на Европа, истражувањата и иновациите. Утрешниот самит пак, има за цел да инјектира нова енергија во односите меѓу Унијата и Западен Балкан и да ја потврди припадноста на регионот во европското семејство. На состанокот ќе учествуваат шефови на држави или влади од земјите-членки на ЕУ, како и лидерите на 6-те земји од Западен Балкан: Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора и Косово.

XS
SM
MD
LG