Достапни линкови

Нимиц: Тешка и тензична, но корисна средба


По денешната средба со министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас во Сунио, личниот пратеник на Генералниот секретар на Обединетите нации, Метју Нимиц изјави дека имале сериозни, интензивни и на моменти тензични разговори и дека е завршена одредна позитивна работа.

Нимиц потврди дека македонскиот и грчкиот премиер Зоран Заев и Алексис Ципрас ќе се сретнат на 17 мај во Софија.

"Средбата можам да ја карактеризирам како многу сериозна, работевме напорно, многу пати тензична. Направивме одредена позитивна работа. Двајцата министри ќе ги брифираат премиерите во подготовките за нивната средба во Софија следната седмица на 17 мај. Во основа ова е пораката што ја имам," рече Нимиц.

Разговорите и преговорите на министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас со специјалниот претставник на ОН, Метју Нимиц, во Сунио траеа речиси шест часа.

XS
SM
MD
LG