Достапни линкови

МВР го потврди нападот врз струмичанец од група со која бил и Чавков


МВР го потврди настанот во кој струмичанец синоќа пријавил дека бил нападнат од четири лица, кои биле заедно со поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков во ресторанот „Подгорски ан“ кај селото Габрово. Според МВР, вчера во 18:40 часот во Полициското одделение Ново Село, В.С. (44) од Струмица пријавил дека истиот ден бил физички нападнат од четири лица во угостителски објект во село Габрово, a меѓу нив бил и Чавков. Полицијата информира дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

На 23 минатиот месец Кривичниот совет од Основниот суд Скопје 1 ја прифати гаранцијата во недвижен имот на поранешниот министер Чавков и му ја укина мерката притвор. Притоа му беше одземена патната исправа и тој има обврска еднаш неделно да се јавува во судот.

XS
SM
MD
LG