Достапни линкови

Средба Димитров, Коѕијас и Нимиц во Сунио


Министрите за надворешни работи на Македонија и Грција Никола Димитров и Никос Коѕијас заедно со медијаторот во спорот за името Метју Нимиц денеска во Сунио ќе одржат уште една од серијата средби посветени на преговарачкиот процес во обид да се реши долгогодишниот спор. Министерот Димитров вчера изјави дека денешниот сосотанок е многу важен и дека процесот се наоѓа во најделикатната и последната фаза.

„Значи, тоа што е договорено, не е договорено, ако не е договорено сѐ и факт е дека утрешниот ден е многу важен, неколку дена е пред самитот во Софија и наша должност е да најдеме едно решение што е можно повеќе ќе ги покрива потребите на двете страни, за да им овозможиме на премиерите прво да се сретнат, и после тоа да си подадат рака, ама мора да понудиме некакви опции, таа ни е задачата утре, рече шефот на македонската дипломатија.

Министерот за надворешни работи на Грција Никос Коѕијас пак изјави дека од моментот кога ќе се договорат двете страни и ќе постои правна ратификација на договорот, патот за да се отворат преговори со Европската унија ќе биде отворен.

XS
SM
MD
LG