Достапни линкови

Ирачките сили поддржани од САД заробиле 5 лидери на ИД


илустрација

Ирачките сили во соработка со сириските сили поддржани од САД заробиле петмина високи лидери на Исламската држава. „Ова претставува голем удар за ИД“, изјави портпаролот на коалициските сили полковник Рајан Дилон кој не го откри идентитетот на милитантите. ИД веќе нема контрола на голем дел од територијата на Ирак, но и натаму држи во свои раце делови на границата меѓу Ирак и Сирија. Американскиот претседател Доналд Трамп на твитер го поздрави заробувањето на, како што напиша, „петмината најбарани лидери“ на екстремистичката група. Лидерот на ИД Абу Бакр ал Багдади за кој се верува дека е се уште жив, не бил меѓу заробените.

XS
SM
MD
LG