Достапни линкови

Гутереш ги повика Сирија и Израел на максимална воздржаност


Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш повика на „моментален прекин на сите непријателски акти“ и провокативни акции за да се избегне „нов пожар“ на Блискиот Исток. Портпаролот на ОН Стефан Дижарик изјави дека мировната мисија на ОН на Голанската висорамнина одржува контакт со сириската и со израелската војска и ги повика двете страни на „максимална воздржаност“ и на почитување на спогодбата за примирје од 1974 година. Израелскиот министер за одбрана Авигдор Либерман претходно изјави дека израелската војска извршила напади врз целокупната иранска инфраструктура во Сирија како одговор на ракетните напади од тие позиции врз Голанската висорамнина која е под контрола на Израел.

XS
SM
MD
LG