Достапни линкови

Ирански ракети врз Голанската висорамнина


израелски одбранбен систем

Израелската војска соопшти дека иранските сили стационирани во Сирија истрелале околу 20 ракети врз израелски воени цели на Голанската висормнина, на што било соодветно одговорено. Ракетите, како што се наведува, не предизвикале жртви и поголеми штети. Некои од ракетите биле пресретнати од израелските одбранбени системи. Сиријските државни медиуми денеска објавија дека израелската војска лансирала неколку ракети врз Дамаск и други делови на Сирија, уништувајќи радарски систем и отпад со воена опрема.

XS
SM
MD
LG