Достапни линкови

Хаспел: ЦИА нема да користи „засилени техники на испитување“


Вашингтон- Џина Хаспел, номинирана за шеф на ЦИА на сослушување во Сенатот, 09.05.2018

Џина Хаспел, која претседателот на САД Доналд Трамп ја номинираше за нова шефица на ЦИА, денеска на сослушувањето во Сенатот, рече дека никогаш повеќе нема да се користат „засилени техники на испитување“ какви што агенцијата употребувала за време на распитот на затвореници,а кои се оценети како тортура.

Меѓутоа, Хаспел која во моментов е вршител на должноста директор, не даде конкретен одговор на прашањето што ќе направи ако претседателот Трамп и нареди тоа да се примени. Во 2002 година Хаспел беше задолжена за тајниот притвор на Тајланд каде што врз двајца затвореници биле применети такви мерки.

Ако се потврди нејзината кандидатура таа ќе стане прва жена која ќе раководи со ЦИА. Пред неа на таа позиција беше Мајк Помпео кој стана државен секретар на САД.


XS
SM
MD
LG