Достапни линкови

Тачи и Меркел разговарале за односите меѓу Белград и Приштина


Архивска фотографија- германската канцеларка Ангела Меркел

Договорите кои се постигнати во рамки на дијалогот меѓу Косово и Србија мора да се спроведат, порача германската канцеларка Ангела Меркел по денешната средба со претседателот на Косово Хашим Тачи во Берлин.

На заедничката прес конференција таа рече дека односите на Приштина и Белград се главно прашање на европскиот пат за двете земји и дека тоа било тема на разговор со Тачи. Меркел додаде и дека тоа не била лесна тема, но дека имало напредок за прашањето, а за односите меѓу двете земји ќе се разговарало и на самитот во Софија.

Тачи, пак, рече дека Косово е спремно конечно да го отвори поглавјето со Србија за да се постигне законски обврзувачки договор за целосна нормализација на односите.

XS
SM
MD
LG