Достапни линкови

Вучиќ: Без Русија не е можно до решение за Косово


Српскиот претседател Александар Вучиќ по состанокот во Москва со рускиот претседател Владимир Путин, 19.12.2017.

Српскиот претседател Александар Вучиќ по синоќешниот состанок во Москва со рускиот претседател Владимир Путин изјави дека без каква било руска согласност во ООН, е невозможно да се дојде до било какво решение. Тој додаде дека затоа Русија многу активно ќе ги следи разговорите за Косово „и се што ќе се случува“ и оти секогаш навремено ќе реагира на одреден начин. Вучиќ изјави и дека Русија „активно и суштински ќе учествува во следењето на целокупниот процес и состојбата во односите меѓу Белград и Приштина, особено влијанието на различни меѓународни фактори врз ова прашање“. Тој констатираше „дека компромисот е она што го сака“, но исто така го изрази и својот личен скептицизам, со надеж дека работите ќе се завршат, „бидејќи Албанците не се подготвени за суштестински компромиси, а уште помалку се подготвени оние кои учествуваа во противправната поддршка на таканаречената независност на Косово“.

XS
SM
MD
LG