Достапни линкови

Ерменскиот парламент ќе гласа за нов премиер


лидерот на ерменската опозиција Никол Пашиниан на масовниот собир во Еревен

Десетици илјади луѓе синоќа во Еревен присуствуваа на масовниот собир што го повика лидерот на ерменската опозиција Никол Пашиниан. Целта на собирот беше да се покаже неговата поддршка кај народот во пресрет на денешната седница на парламентот на која ќе се гласа дали тој треба да биде премиер. Пашинијан на собирот изјави дека има голема шанса за добивање на премиерската номинација во парламентот и го повториповикот неговите поддржувачи денеска повторно да се појават на плоштадот за да ја прослават „епохалната победа“.

XS
SM
MD
LG