Достапни линкови

Вучиќ: Во Србија најдобри услови за инвестирање


Српскиот претседател Александар Вучиќ и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Српскиот претседател Александар Вучиќ оцени во Истанбул дека односите со Турција, кои сега се на високо ниво, пружаат голем потенцијал за натамошен развој на економските односи. Воедно, тој ги повика турските инвеститори да продолжат со инвестирање во Србија. Тој им порача на турските инвеститори дека во Србија ќе добијат за најмалку пет насто подобра понуда од која било друга земја на Балканот или во Југоисточна Европа. „Донесете ни хартија и кажете: еве ова ни понудија во Бугарија, Романија, Македонија и од нас ќе добиете најмалку пет насто подобри услови“, изјави Вучиќ и дополни дека во рок од 48 часа можат да дојдат до државниот врв кој ќе го решава секој нивни проблем. Од своја страна, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган укажа дека целта е трговската размена со Србија да достигне три милијарди евра, односно тројно повеќе од сегашната.

XS
SM
MD
LG