Достапни линкови

Трамп - Договорено е времето и местото за средбата со Ким Џонг Ун


одачот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун и американскиот претседател Доналд Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е договорено времето и местото за неговиот значаен состанок со водачот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун, но не откри детали, туку само кажа дека ќе бидат објавени наскоро. Тој ова го изјави денеска пред Белата куќа пред патувањето во Далас.

Трамп претходно навести дека двајцата лидери би можеле да се сретнат во Демилитаризираната зона меѓу двете Кореи. Подготовките за средбата се забрзаа по состанокот меѓу лидерите на Северна и на Јужна Кореја, Ким Џонг Ун и Мун Јае Ин, на 27 април во Демилитаризираната зона.

Средбите имаат за цел да ја намалат напнатоста на Корејскиот Полуостров и барем привремено да ги прекинат севернокорејските нуклеарни тестирања.

XS
SM
MD
LG