Достапни линкови

„Шарли ебдо“ се врати на Твитер


Карикатури на Шарли ебдо

Францускиот сатиричен неделник „Шарли ебдо“ се врати на Твитер, првпат по нападот во редакцијата во јануари 2015 година. Првата порака им беше - „Се враќаме на мрежата со ваш аплауз и со охрабрување да не пцуете“. Од неделникот додаваат и дека заради техничкиот инцидент кој се случи независно од волјата на редакцијата во јануари 2015, биле приморани да ги прекинат пораките на Твитер.

Последниот твит неделникот го објави на 7 јануари, на денот на нападот во редакцијата. Браќата Шериф и Саид Куаши упаднаа во редакцијата на сатиричниот неделник и убија 11 новинари и карикатуристи, извикувајќи дека го „осветиле пророкот Мухамед“. По нападот седиштето на редакцијата е префрлено на непозната локација .

XS
SM
MD
LG