Достапни линкови

МВР - Специјалците се хранат добро


Macedonia - Police Unit Public Order and interventions. Police officers, special, 18 February 2009

Министерството за внатрешни работи (МВР) ги отфрла како неточни тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ дека припадниците на Единицата за брзо распоредување се хранат со несоодветна храна. Од МВР преку соопштение велат дека денеска припадниците на единицата се хранат подобро во споредба од пред две години и дека храната е квалитетна и според сите стандарди.

Реакцијата на МВР уследи откако од опозициската ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција обвинија дека специјалците јадат неквалитетна храна, односно за доручек, како што велат од партијата, имаат леб, мармалад и путер.

Што се однесува пак до неисплатените прекувремени работни часови, од МВР велат дека работат на сеопфатно решавање на овој проблем.

XS
SM
MD
LG