Достапни линкови

Џафери - Иднината на Македонија е во европското семејство


Талат Џафери.

Претседателот на Собранието Талат Џафери на одбележувањето на Денот на Европа-9 Mај, изјави дека Македонија уште од самиот почеток на своето осамостојување, јасно и недвосмислено го зацртала својот пат и ги определи своите стратешки приоритети.

„Еден од нив е полноправното членство во Европската унија и за тоа имаме несомнена поддршка од сите граѓани“, изјави Џафери на настанот во организација на Институтот за меѓународни и политички студии и Општина Чаир.

Џафери, како што соопшти собраниската прес-служба, нагласил дека иднината на Македонија е во европското семејство, со изградени европски вредности, таму каде што и цивилизациски припаѓа.

Тој ја посочил и помошта и поддршката од меѓународните пријатели, кои, како што рекол, секогаш се тука за да дадат совети, сугестии и добронамерни критики.

XS
SM
MD
LG