Достапни линкови

НАСА ќе лансира летало на Марс за проучување на планетата


Илустрација

НАСА се подготвува за лансирање на роботизирано вселенско летало на мисија за проучување на длабоката внатрешност на Марс и откривање на сеизмичката активност под нејзината површина. Леталото Марс Инсајт се очекува да биде лансирано од воздухопловна база Ванденберг во Калифорнија.

Ова е прво летало на Марс која ќе биде лансирано од страна на американската вселенска агенција од 2012 година. Научниците веруваат дека Земјата и Марс биле формирани од слични процеси пред 4,5 милијарди години. Тие се надеваат дека ќе се утврди зошто двете планети се развиле поинаку.

XS
SM
MD
LG