Достапни линкови

Српската Влада забрани собир во Хртковци по најавата на Шешељ


Воислав Шешељ

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денеска дека во селото Хртковци в недела нема да има никакви собири. Неговата изјава доаѓа откако лидерот на Српската радикална партија Воислав Шешељ најави дека ќе има собир во селото за одбележување на годишнината од неговиот говор во 1992 година.

По говорот на Шешељ почна присилното иселување на Хрвати од Војводина, поради што Хашкиот суд го осуди за воени злосторства.

„Државата забрани митинг во Хртковци. Србија не сака во минатото туку во иднината. Србија нема да дозволи вознемирување на населението во кое било место во нашата држава“, изјави Вучиќ.

XS
SM
MD
LG