Достапни линкови

Еруптирал вулкан во Хаваи, евакуирани жители


Ерупција на вулкан, илустрација

Повеќе од 1500 луѓе биле евакуирани од нивните домови поради вулканска ерупција на Хаваи. Според извештаите, лавата од вулканот на планината Килауеа стигнала до патот во близина на градот Пахоа. Нема извештаи за повредени лица.

Гувернерот на Хаваи ја активирал националната гарда да помогне во евакуирањето на жителите и да заштити околу 770 домови и објекти кои останале празни. Вулканот се активирал по земјотресите во регионот кои траеле неколку дена.

XS
SM
MD
LG